Клуб од Португалија по 15 години конечно дочека да добие отштета за Пепе од Реал Мадрид

Дефанзивниот репрезентативец на Португалија, Пепе денеска се најде во центарот на вниманието на медиумите, поради една судска одлука во корист на негов поранешен клуб.

Станува збор за Маритимо кој ќе добие сума нешто поголема од милион евра и тоа поради трансферот на Пепе од Порто во Реал Мадрид во 2007 година.

Маритимо чекаше петнаесет години на заслужениот бонус, а откако Порто ги исцрпе судските инстанци, сега ќе мора да му ја исплати сумата на ривалот. Порто доби 30 милиони евра за трансферот на Пепе во Реал Мадрид.

Португалските медиуми потенцираат дека одлуката е конечна.

Се вчитува...