Фудбалскиот репрезентативец на Македонија, Езгијан Алиоски вчера со својот Ал Ахли испадна од Премиер-лигата на Саудиска Арабија. И покрај лошиот пласман во лигата, нашиот интернационалец сепак одигра добра сезона во клубот, а одличните партии добија потврда со тоа што се најде во тимот на сезоната.
Македонскиот интернационалец е избран за најдобар лев бек, откако сезонава успеа да постигне шест гола и да запише осум асистенции, со што беше меѓу најдобрите фубалери на својот тим.
Алиоски дефинитивно по една сезона ќе го напушти Ал Ахли, а негова следна дестинација најверојатно ќе биде турскиот шампион Трабзонспор.
👤 يتواجد جاني اليوسكي لاعبًا وحيدًا من النادي الأهلي ضمن تشكيلة الموسم من sofascore . pic.twitter.com/pZAErh6NAl
— 𝗔𝗹𝗶𝗼𝘀𝗸𝗶 𝗪𝗼𝗿𝗹𝗱 (@AlioskiWorld) June 28, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА