Фудбалер на ПСЖ ограбен на Ибица, останал без три милиони евра!

Ибица е популарна летна дестинација за која веќе се одлучија Кристијано Роналдо, Лионел Меси, Миралем Пјаниќ, Луис Суарез, Душан Влаховиќ и многу други, но еден од оние кои ќе имаат долго сеќавање од овој одмор е фудбалерот на ПСЖ, Марко Верати.

Шпанската „Цивилна гарда“ објави дека истражува кражба на голема сума пари и накит украден од куќата на Марко Верати во која тој го минува својот летен одмор на Ибица. Иако не е потврдено од официјални извори, вредноста на парите и накитот би можела да достигне и до три милиони евра.

Според изданието на „Diario de Ibiza“, куќата што била на мета на крадците се наоѓа во областа Кала Јондал и му припаѓа на поранешниот бразилски фудбалер и актуелен претседател на клубот Реал Ваљадолид, Роналдо Назарио де Лима.

Грабежот се случил во период кога Верати и неговите роднини биле надвор од местото на настанот. Верати не е првиот италијански фудбалер кој е ограбен. Слична судбина доживеаја Антонио ди Натале и Клаудио Маркизио не така одамна.

Се вчитува...