Поранешниот трикратен шампион во Формула 1, Нелсон Пике сениор го нарече возачот на Мерцедесе, Луис Хамилтон, „мал, црн, тип“.
Бразилецот овој израз го искористи на минатогодишната трка на „Силверстоун“ во моментот кога Британецот по контакт на патеката го исфрли Макс Ферстапен, кој се удри во заштитниот ѕид.
„Малиот црн тип се уфрли во болидот на Ферстапен каде немаше можност и двајцата да поминат во тој свиок. Тој направи проблем и го з**ба Ферстапен“, кажа тогаш Пике.
По овој инцидент имаше истрага која траеше скоро цела година, а од Формула 1 се изјаснија околу целиот скандал.
„Јазикот што ги дискриминира или навредува луѓето на расна основа нема место во општеството. Луис е неверојатен амбасадор на нашиот спорт и заслужува почит. Тој работи неуморно за да ги елиминира сите разлики меѓу луѓето и сите ние сме посветени на тоа во Формула 1“, стои во соопштението на Ф1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА