Селекторот на бразилската репрезентација Тите, зборуваше за Нејмар, кој што во последните неколку години е често оспоруван, а ситуацијата до таа мерка дека ПСЖ сака да го продаде. Тите, пак, смета дека негов проблем е позицијата.
Бразилскиот селектор истакна дека Нејмар не треба да игра како крило, туку класичен напаѓач или зад напаѓачот.
„Тренерите кои го ставаат Нејмар на крило се магариња. Така само се лимитираат неговите квалитети и креативност. Тој не е проблем, тој е решение. Да, ќе има повеќе грешки поради природата на таа позиција“, рече Тите.
„На тренинг му реков на Винициус: ‘Ти си Нејмар од СП 2014 година’. Затоа што Нејмар од Барселона и таа репрезентација беше Нејмар на лево крило, сега Нејмар игра во средината“, рече селекторот на Бразил.
Она што е интересно, кога Тите го презеде Бразил во 2016 година, и тој го користеше Нејмар на крило. Потоа го префрли на средината на теренот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА