Челси силно сака да го донесе Матијас Де Лихт од Јувентус, но засега двете страни не можат да се договрат околу отштетата. Англичаните праќаат понуда од 100 милиони евра, додека тимот од Торино бара 20 милиони повеќе.
Исто така од Јувентус бараат во трансферот да биде вклучен или Тимо Вернер или Кристијан Пулишиќ, што Челси категорично одбива. Челси бара замена за Кристенсен и Ридигер кои си заминаа од клубот и ќе играат во Барселона, односно Реал Мадрид.
Јувентус бара да се плати откупната клаузула за Холанѓанецот која изнесува 120 милиони евра. Тој стигна во Јувентус од Ајакс за 75 милиони евра, а неговиот договор истекува во 2024 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА