Тен Хаг ја стартуваше новата ера во Манчестер јунајтед (ВИДЕО)

Холандскиот стратег Ерик тен Хаг денеска ја почна својата ера на клупата на англискиот премиер-лигаш, Манчестер јунајтед. Тој денеска во тренинг-комплексот на „црвените-ѓаволи“, Харингтон го имаше својот прв тренинг.

На тренингот ја немаше само првата ѕвезда на клубот од „Олд трафорд“, Кристијано Роналдо. Јунајтед се уште годинава не донесе засилувања, а како прва цел за Тен Хаг е Френки де Јонг, фудбалер со кого соработуваше во Ајакс.

 

Се вчитува...