Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Жоао Феликс истакна дека нема намера да го напушти клубот, и покрај шпекулациите во последно време и интересот кој го има од Манчестер Јунајтед.
Португалецот стигна во шпанскиот тим во 2019 година за сума од неверојатни 127 милиони евра, но засега не ги оправдува вложените средства.
„Заминувањето на Атлетико не е опција. Се чувствувам добро и концентриран сум на новата сезона во Атлетико. Мирен сум во поглед на иднината, свесен сум колку можам. И натаму сум на одмор, и во моментов не размислувам на фудбал“, рече Феликс.
Младиот напаѓач во изминатата сезона одигра 34 меча за Атлетико и постигна 10 голови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА