Челси е подготвен да тргне во офанзива по нови засилувања, а на врвот на листата со желби на Томас Тухел се наоѓа Рахим Стерлинг. Фудбалерот на Манчестер Сити го загуби првотимскиот статус од Фоден кај Пеп Гвардиола, па „граѓаните“ сега се подготвени да го продадат, а Челси ќе ја искористи ситуацијата за да го доведе Стерлинг на „Стемфорд Бриџ“.
Првата понуда од 40 милиони фунти веќе беше одбиена, но клубовите ќе продолжат да разговараат и се очекува во следните седум дена трансферот да биде комплетиран, за крилниот офанзивец од самиот почеток на подготовките да му биде на располагање на Тухел.
Воедно, Челси се обидува да донесе уште двајца фудбалери на Манчестер Сити како засилувања за овој преоден. Првиот е Нејтан Аке, холандскиот дефанзивец кој не се наметна кај Гвардиола и би бил достапен за околу 30 милиони фунти. Покрај Аке, Челси сака да го ангажира и левиот бек Зинченко, кој ќе биде достапен за трансфер доколку Сити го ангажира Кукуреља од Брајтон. Во тој случај, Зинченко би дошол во Челси, а лондонскиот клуб би дал зелено светло за Алонсо да се пресели во Барселона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА