Официјално: Ливерпул го продаде Минамино во Монако

Такуми Минамино од денеска и официјално е нов член на Монако откако „кнезовите“ го официјализираа трансферот на голгетерот на Ливерпул и на јапонската репрезентација.

Тој беше незадоволен од минутажата во Ливерпул, каде најчесто шанса добиваше во англиските клубови, Минамино имаше на маса понуди да остане во Премиер-лигата, но на крајот ја избра опцијата Монако. „Кнезовите“ платија 15 милиони евра за овој трансфер, кој може да порасне на 18 милиони евра доколку се активираат клаузулите во договорот меѓу двата клуба.

„Му посакувам на Таки се најдобро, од срце. Секој тренер сонува за играч како него, максимален професионалец кој секогаш дава се од себе на тренинзите, без разлика колку игра на натпреварите. Тој имаше желба да си замине и ние му излеговме во пресрет, иако за него се уште имаше место во нашиот тим“, изјави стратегот на Ливерпул, Јирген Клоп.

Се вчитува...