Левандовски сака во Барса поради Бензема?

Фудбалерот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски инсистира да премине во Барселона, бидејќи сака да докаже дека е најдобар напаѓач во светот и дека е подобар од Карим Бензема.

Поранешниот менаџер на Полјакот, Цезар Кухарски вели дека ова е вистинската причина за желбата на Левандовски да дојде на „Камп ноу“.

„Сака да докаже дека е подобар од Бензема. Тоа е само уште една причина за тоа што ја избра Барселона. Тоа ќе може да го направи само ако игра во најголемиот ривал на „кралевит“, изјави Кухарски.

Се вчитува...