Емир Скендери го засили тимот на Македонија ЃП

Македонија ЃП денеска го комплетираше трансферот на уште едно ново име. Скендери потекнува од фудбалската школа на тимот од Ѓорче Петров, и направи „кам-бек“, а настапуваше за екипите на Академија Пандев, Кожуф, Тиквеш, па повторно Академија Пандев, и последните две години ги мина во таборот на Струга ТЛ.

Овој 22-годишен фудбалер игра во нападот, а може да игра и како крилен играч.

„После многу години се враќам во клубот каде што почнав и едвај чекам да дебитирам во првиот тим, посакувам и ќе се трудам да постигнам што повеќе голови“, изјави Скендери.

Во следните денови тимот од Ѓорче Петров ќе треба да го комплетира и потписот на Фахрудин Ѓурѓевиќ. „Лавовите“ досега се засилија со Џон Мена, Фисник Зука, Христијан Пецов, Александар Ѓорѓиески и Бојан Илиевски.

Се вчитува...