Новиот женски ракометен прволигаш ЖРК Скопје следната сезона ќе биде дел од македонското првенство. На кормилото на новиот клуб ќе биде Валентина Радуловиќ која минатата сезона го водеше Шампион.
На Радуловиќ ќе и помагаат Андријана Будимир и Ања Алтхаус кои минатата сезона беа на клупата на машкиот тим на Скопје.
Радуловиќ е една од најдобрите македонски ракометарки, репрезентативка и некогашна ракометарка на Кометал Ѓорче Петров, Кабран Амбалажа од Кавадарци, како и австрискиот Хипо и данскиот Шлагелсе, со кој се искачи на врвот на Европа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА