Бесир Исени ја напушти Струга ТЛ и потпиша за албанскиот шампион Тирана

Младинскиот репрезентативец на Македонија, Бесир Исени по две сезони минати во редовите на Струга ТЛ го напушти струшкиот прволигаш, денеска, како што дознава ЕКИПА, потпишувајќи договор со албанскиот шампион Тирана.

22-годишниот Исени за првпат стартува интернационална кариера одлучувајќи да го прифати предизвикот понуден од албанскиот шампион. Наредниве денови се очекува и официјалната промоција на Исени во редовите на Тирана.

Исени, кој игра на централната дефанзивна позиција, претходно во својата кариера има настапи и за кичевски Велазерими.

Се вчитува...