Баерн Минхен со жесток ултиматум до свој играч: Или потпиши, или одиш на трибини!

Баерн Минхен во следните неколку дена може да загуби двајца клучни играчи. Германскиот првак е „разнишан“ поради најавата за заминување на Левандовски во Барса, и покрај тоа што пред неколку дена беше промовиран Садио Мане за нов играч на „Баварците“.

Сепак, на излезната врата на Левандовски може да му се приклучи и Серж Гнабри. Германскиот репрезентативец наводно добил ултиматум од раководството на Баерн да го продолжи договорот, во спротивно ќе седи на трибини следната сезона.

„Доби огромен договор, ако не го потпишеш, нема да играш следната сезона и одиш на трибини“, наводно бил ултиматумот на Баерн до крилниот фудбалер на германската репрезентација.

Германските медиуми тврдат дека 26-годишниот играч не е задоволен од односот на клубот кон него. Не е сретен поради начинот на кој клубот разговарал со него. Токму од тука Гнабри размислува да замине, а наводно е мирен со оглед дека очекува да добие добра понуда и да замине од Минхен.

Се вчитува...