Откако денеска со серија обвиненија кон старото раководство се огласи новото раководство на ФК Тетекс, предводено од новиот претседател Борче Мирчевски, веднаш брз одговор од старите раководители кои истакнуваат дека актуелните изнесуваат само бројни лаги како и натаму би ги држеле како свои заложеници досегашните фудбалери на клубот.
Од новото раководство денеска преку соопштение упатија „апел до сите фудбалери кои следната сезона нема да бидат дел од ФК Тетекс, за се што се договарале со старото раководство, да се обратат кај нив, односно кај раководството што ги распродаваше клупските интереси и кои го оставија клубот со исклучена струја и долгови од околу 2 милиони денари“.
Но, од старото раководство се реакција до ЕКИПА истакнуваат дека сето тоа се лаги, а фудбалерите се револтирани поради тоа што новите раководители не им издаваат чисти документи, онака како што и дојдоа во Тетекс, држејќи ги во заложништво.
„Не е апсолутно точно дека фудбалерите бараат пари од новото раководство затоа што се исплатени до денар за минатата сезона. И сите играчи тоа јасно го потврдуваат. Фудбалерите единствено бараат чисти документи затоа што и кога пристигнале во Тетекс пристигнале со чисти документи, без клубот да плати никаква отштета за нив. Затоа фудбалерите бараат само да се почитуваат договорите, а сега очигледно се држат во заложништво поради што е нивниот револт. Изнесени се бројни лаги на кои ниту најмалку не вреди да се одговара, но со ваквиот начин на водење на клубот, новото раководство единствено работи против Тетекс. Посебна приказна се именувањата во клубот на лица со сомнителни досиеја за што свој револт отворено веќе искажуваат и најверните навивачи на клубот“ – велат од поранешното раководство и членови на стручниот штаб на ФК Тетекс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА