Македонскиот фудбалски прволигаш Академија Пандев го доживеа и третиот пораз во контролните натпревари пресрет квалификациите во третото по ранг европско натпреварување, Конференциската лига.
Овој пат подобар од нашиот прволигаш беше бугарска ЦСКА Софија со 3-1. Бугарите поведоа со 1-0 со голот на Отавио уште во 10. минута. На 2-0 зголеми Колев во 59. минута. Струмичани успеаја да намалат на 2-1 преку Митровски во 68. минута, додека конечните 3-1 беа поставени во 86. минута.
Претходно на контролните натпревари, „пандевци“ забележаа два порази (Левски 1-3) и Балкани (1-6), а триумфираа единствено на мечот против Черно Море со 2-1. Тимот од Струмица следниот четврток го очекува гостувањето против полска Легија во првиот натпревар од 1. коло во квалфикациите во Конференциската лига.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА