Доскорешниот шеф на стручниот штаб на Црвена Звезда, Дејан Радоњиќ ќе го преземе грчкиот Панатинаикос, пренесуваат грчките медиуми. Радоњиќ по завршувањето на сезоната изјави дека сака да остане на клупата на „црвено-белите“ кои му дадоа рок до крајот на месецот да одлучи дали ќе ги прифати понудените услови.
Откако не успеал да се договори со раководството на белградскиот тим, црногорскиот стратег одлучил да ја промени средината и да замине во тимот од главниот град на нашиот јужен сосед.
Во кариерата покрај Црвена Звезда, Радоњиќ ги водеше и Будуќност и Баерн Минхен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА