Пред Тур Д Франс: Полициска рација во хотелот каде што биле сместени велосипедисти

Екипата на Бахраин Викториус, која што треба да се натпреварува на престојниот Тур Д Франс, објави дека на барање на француското обвинителство, данската полиција утрово направило рација во која е сместен тимот поради сомнение на допинг.

Полицијата го пребарала хотелот во 5:30 часот утрово.

„Полицајците ги претресоа сите возила на екипата и просториите на натпреварувачите. Тимот соработуваше со полицијата и увидот е извршен во рок од два часа. Полицијата ништо не заплени, а сега екипата додала дека ќе се фокусира на најголемата трка на светот, Тур Д Франс“.

Тур Д Франс почнува утре од данскиот главен град Копенхаген.

Се вчитува...