Лукас Тореира во 2018 година дојде во Арсенал од Сампдорија. После една година отиде на позајмица во Атлетико Мадрид, додека минатата сезона ја мина во Фиорентина. Иако треба да се врати во лондонскиот клуб, сепак, 26-годишниот играч од средниот ред порача дека нема намера да игра за „топчиите“.
26-годишниот Уругваец не сака да игра за Арсенал, особено после минатосезонската позајмица.
„Во овој момент сум на одмор, но агентите разговараат со бројни клубови. Сакав да останам во Фиорентина, но тоа не се случи, па размислуваме во нов правец“, рече Тореира.
Манеџерот на Арсенал, Микел Артета го нема во своите планови, и покрај тоа што Ургваецот има договор до идното лето.
„Не постои можност да се вратам во Арсенал. Ми рекоа дека за мене нема место. Доста страдав, сакам да играм во Италија или Шпанија“, рече Тореира.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА