Поранешниот прв човек на Формула 1, Берни Еклстоун, застана во одбрана на претседателот на Русија, Владимир Путин и неговата инвазија на Украина, на што реагираа од самиот шампионат и објавија дека такви изјави се спротивни на вредноста на спортот.
Еклстоун во интервју за „Добро утро Британија“, изјави дека би примил и куршум за претседателот на Русија.
„Сепак би добил куршум за Путин. Би сакал да не ме боли, но дефинитивно би добил куршум за него. Тој е неверојатна личност и го прави она што верува дека е право. За жал, тој е како многу деловни луѓе, секако како мене, сите ние одвреме-навреме грешиме, но треба да го направите најдоброто што можете за да го извлечете максимумот од тоа“, изјави Еклстоун.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА