Ракометарките поразени од Турција на стартот на Медитеранските игри

Медитеранските игри лошо започнаа за македонските ракометарки кои беа поразени од Турција со 34:27 на стартот во Б групата. На полувремето избраничките на Љубомир Савевски примија дури 19 голови, и заминаа со негатива од три гола.

Во вториот дел Турчинките само ја зголемуваа предноста и на крајот славеа убедливо со седум поени разлика.

Во следното коло Македонија игра против Србија. Во случај на уште еден пораз, тогаш ќе бидат изгубени сите шанси за пласман во полуфиналето. Во последното коло ракометарките ќе се сретнат со селекцијата на Португалија.

Се вчитува...