Ракометарите со пораз од Шпанија на Медитеранските игри

Македонската ракометна репрезентација претрпе пораз од Шпанија во 3. коло на Медитеранските игри во Омар со 22-31. Шпанците само во првите моменти од мечот имаа проблеми кога се играше гол за гол, а потоа кога успеаја да направат разлика, и на полувреме да заминат со +6 (8-14), се знаеше дека ќе го добијат овој дуел. Во првиот дек клучна беше серијата на Шпанците кои од 7-8 водство, дојдоа до пет гола по ред, и така стигнаа до 7-13, што беше недостижно за нашиот национален тим.

Второто полувреме речиси идентично како првото. На почетокот се играше гол за гол, а потоа Шпанците додадоа гас кон средината за да направат убедлива разлика. Во еден момен истата изнесуваше и +12 (13-25) после кое немаше враќање.

На крајот Македонија успеа да намали од разликата, но на крајот дојде само до пораз од девет разлика и тоа благодарение на голот во последните секунди.

Досега Македонија одигра нережено со Алжир и ја совлада Грција. Во следното последно коло ќе игра против Турција.

Се вчитува...