Богатиот клуб сонува за Нејмар, му ја нуди и „десетката“

Францускиот првак ПСЖ сака да се ослободи од Бразилецот Нејмар уште ова лето. Парижаните сметаат дека овој фудбалер е „вирус“ во соблекувалната и сакаат да се „откачат“. ПСЖ е подготвен да го продаде по пристојна цена, далеку помала од онаа која го платија 222 милиони од Барселона.

Она што може да биде проблем е тоа што Нејмар има неделна плата од 490.000 фунти, малку кој може да си дозволи да му ја даде. Но, сепак, постојат тимови кои може тоа да го сторат. Се мисли на Њукасл, кој доби богати сопственици, па сега ќе тргне во сериозен шопинг. Најскапите засилувања во историјата на овој клуб се токму Бразилци – Жоелинтон и Бруно Гимараеш.

Токму Жоелинтон зборуваше за можноста Нејмар да дојде.

„Човекот е идол, еден од најголемите во клупскиот фудбал, така што сакаме да му најдеме место во нашиот тим. Каква голема работа би било тоа еден таков играч да потпише за Њукасл. Десетката го чека ако треба“, вели Жоелинтон. 

Се вчитува...