Досегашниот стопер на шампионот Шкупи, Фати Исмаили е нов фудбалер на Работнички. Тој беше капитен на тимот од Чаир, а сега ќе биде дел од одбраната на „романтичарите“.
Исмаили откако го потпиша договорот, веднаш се стави на располагање на тренерот Љупчо Марковски – Калц.
Претходно Работнички се засили со Филип Бошковски од Пелистер, Иво Јанакиевски од Скопје и голманот Игор Алексовски кој дојде од Ренова.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА