Барселона објави зделка која ќе му донесе на клубот 207 милиони евра и шанса за повеќе трансфери

Барселона направи голем чекор кон стабилизирање на финансиската состојба на клубот, откако успеа да продаде 10% од своите телевизиски права во следните 25 години на американската компанија Sixth Street.

Со оваа зделка клубот ќе оствари од 267 милиони евра, се пофалија од тимот од „Ноу Камп“. Ова ќе овозможи на Барселона да ја заврши финансиската 2021/22 година со позитивно салдо и дополнително ќе помогне да се намали долгот. Почетната инвестиција на компанијата ќе биде 207,5 милиони евра.

Доколку раководството не го потпишеше овој договор, тогаш клубот ќе ја завршеше годината со загуби од 150 милиони евра, пишува „Спорт“. Со веќе позитивниот биланс, „Каталонците“ можат да направат повеќе инвестиции и трансфери ова лето.

Се вчитува...