Даневски, Иванов и Стојановски на семинар за интернационални фудбалски судии во Србија (ФОТО)

Македонските активисти, судии и членови на судиската комисија при ФФМ, деновиве учествуваат на тренинзите од летниот фитнес семинар за интернационални и фудбалски судии од Супер лигата на Србија.

Сашо Даневски, кондициски тренер за фудбалски судии, Игор Иванов, национален судија, и Драган Стојановски, член на Судиската комисија во рамки на ФФМ, на покана од Фудбалскиот сојуз на Србија учествуваат во активностите и тренинзите од летниот фитнес семинар за интернационални и фудбалски судии од Супер лигата на Србија.

Поканата за учество на семинарот во Србија и пренесувањето на искуствата од нашите судиски активности е нова потврда за посветеноста во работата на судискиот оддел во Македонија.

Се вчитува...