Репрезентативецот на Македонија Бојан Миовски, погоди за само осум минути на своето деби во дресот на Абердин на пријателскиот меч против Сент Џонсон кој се игра во Шпанија.
Миовски го отвори резултатот уште во 8. минута, што предизвика воодушевување кај навивачите на Абердин, кој споделуваат на социјалните мрежи. Резултатот беше 1-1 на полувреме.
Миовски се пресели во Абердин од МТК за 624.000 евра и очекувањата од навивачите се големи при неговото пристигнување во шкотскиот тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

