Македонската кошаркарска федерација ги отвора вратите на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје за натпреварот од квалификациите за Светскиот Куп 2023, против селекцијата на Украина, во кој нашите најдобри кошаркари ќе го играат на 4. јули (понеделник) со почеток од 18.часот.
Македонија ги загуби шансите за пласман во следната фаза откако во пет одиграни натпревари забележа исто толку порази.
„Ги покануваме сите искрени љубители на кошарката да дојдат и да го проследат овој натпревар од 6. коло од „Г“ квалификациската група за Светскиот Куп, „во живо“, и да му дадат поддршка на нашиот подмладен состав во обид да ја реализираме првата победа во овој квалификациски циклус“, стои во соопштението на КФСМ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА