Четири играчи на Милан парично казнети поради навреди кон Интер

Четири играчи на Милан се парично казнети од страна на фудбалскиот сојуз на Италија поради навредливи скандирања на сметка на ривалот Интер. Меѓу казнетите се Тео Хернандез, Мајк Мањан, Сандро Тонали и Раде Круниќ.

Круниќ е казнет со 5.000, додека останатите со по 4.000 евра поради навредливи скандирања на градскиот ривал Интер и истакнување на навредливи транспаренти за време на прославата на Скудетото.

Казна заработи и Милан. Шампионот на Италија ќе мора да уплати во касата на сојузот 12.000 евра поради овие навреди.

Се вчитува...