Никола Наумовски е нов играч на македонскиот фудбалски второлигаш Пелистер. 20-годишниот напаѓач во Битола доаѓа од редовите на Вардар каде беше минатата сезона, но овој играч потекнува од младинската школа токму на Пелистер.
„Ново име во тимот на ФК Пелистер е 20 годишниот Никола Наумовски кој игра во нападот а претходната година настапуваше за ФК Вардар. Младиот напаѓач е изданок од школата на ФК Пелистер.И тој како останатите се приклучи да допринесе за својот тим во трката за првото место на табелата во втората единствена лига на Македонија“, стои во соопштението на ФК Пелистер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА