Иван Варадиновски ја презема Каменица Саса, шест засилувања за сериозни амбиции

Каменица Саса со максимално сериозни амбици ја очекува новата сезона во единствената Втора македонска фудбалска лига.

Нов тренер на тимот е досегашниот стратег на Пехчево, Иван Варадиновски, а веќе се ангажирани шест квалитетни засилувања во битката за самиот врв на табелата следната година. Нови фудбалери на тимот се Тони Мичковски од Силекс, Бошко Ступиќ од Пехчево, Владимир Дујовски од Брегалница, голманот Горан Трајковски од Воска, Стојче Стојов од Слога Виница и Грегори Давков од Беласица.

Како што истакнуваат од клубот, се преговара со уште тројца-четворица фудбалери како заокружување на преодниот рок.

Екипата ја напуштија Јовица Радевски, Стефан Бабунски, Дарко Алексовски и голманот Ѓоргиев кои се преселија во Детонит јуниор, Лазе Стојановски во бугарскиот второлигаш Беласица Петрич, Лазар Стојановски во Беласица и Антонио Мирков.

Се вчитува...