Карлос Саинц излезе како победник до трката за ГН на Велика Британија, откако британскиот возач најдобро се снајде на патеката Силверстон, оставајќи ги зад себе бројните ривали за прва победа во кариерата во Формула 1 на асот на Ферари. Задачата на Саинц беше значително олеснета поради проблемите со болидот на Ферстапен, кој како првопласиран мораше да замине рано во „бокс“, а потоа поради проблеми со болидот не можеше да носи со ривалите и на крајот мораше да се задоволи само со седмата позиција, пред Мик Шумахер на осмото место.
Трката почна со голем инцидент, откако по тројниот судар на Расел, Окон и Жу овој третиот мина многу лошо и мораше да биде пренесен во болница, а трката триесетина минути беше во прекин. Лекарите соопштија добра вест – со Жу се беше во најдобар ред, а кога болидите се вратија на патеката, Ферстапен за момент излезе на чело на табелата, но по проблемите со болидот актуелниот светски првак беше далеку од Топ 5 борбата.
Шарл Леклер е најголем лузер на оваа трка, возачот од Монако беше првопласиран до десетина круга пред крајот, но потоа загуби серија битки. Најпрвин тој мораше да му ја препушти првата позиција на тимскиот колега Саинц, а потоа за нецела минута падна од втората на четвртата позиција, зад Перез и Хамилтон, кој успеа да ја доби битката со асот на Ферари и да се избори за третото место и искачување на побендичкиот пиедестал.
Леклер на крајот мораше да се задоволи само со четвртото место, пред Фернандо Алонсо,Норис, Ферстапен, Шумахер, Фетел и Магнусен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА