Дејан Георгиевски за жал нема да атакува на златен медал на Медитеранските Игри во Оран, откако најдобриот македонски таеквондист беше принуден поради стомачен вирус воопшто да не настапи на полуфиналната борба со Мароканецот Басел.
Георгиевски од самиот почеток на денот се соочил со сериозни здравствени проблеми, поради кои не беше во можност да блесне во сиот свој сјај и при четвртфиналната победа.
Македонецот важеше за голем фаворит на борбата со Басел, но стомачниот вирус го спречи попладнево на полуфиналниот дуел да се појави и да го продолжи атакот на златото.
„Дејан Георгиевски за жал денес ќе застане на Бронзен медал од медитеранските игри во Алжир, иако уште од утрово јас и брат ми бевме во дилема дали воопшто да настапи Деки заради високиот ранкинг првата борба беше слободен, за втората борба иако речиси без сила тој во негов надчовечки стил смогна сили настапи и ја победи првата борба, со тоа обезбеди бронза за Македонија. За кусо требаше да биде полуфиналната борба на МИ 2022, заради доброто на нашата олимписка икона ќе мораме да го прекинеме денешниот поход. Деки денес имаше исклучително силна дехидратација поради високо интензивен стомачен вирус. Му посакуваме брзо оздравување ! Дејан Георгиевски во 2018 година освои сребрен медал од медитеранските игри во Шпанија, овој пат бевме убедени дека ќе стане крал на медитеранот но со Божја помош златото ќе биде наше во 2026 на МИ во Италија. ЗА МАКЕДОНИЈА“, објави тренерот на Георгиевски, Дарко Костовски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

