Ерменскиот првак Пјуник, утрово промовираше деветмина нови играчи, а меѓу нив и екс македонскиот репрезентативец Марјан Радески. Радески досега настапуваше за Шкупи, и ова а него ќе биде прв интернационален предизвик. Некогашниот голем талент прави прв трансфер во странство, откако досега настапуваше за домашните клубови 11 Октомври, Металург, Шкендија, Академија Пандев и Шкупи.
Радески има 18 настапи за националниот тим на Македонија, а интересно беше меѓу патниците на ЕВРО 2020 година, но не доби шанса да настапи на ниту еден од трите меча.
Од деветте играчи кои ги промовираше Пјуник, уште еден доаѓа од македонското првенство. Станува збор за Андре Менсалао, доскорешниот фудбалер на Шкендија.
Пјуник веќе утре го игра првиот натпревар во Лигата на шампионите против Клуж на домашен терен.
Радески ќе биде третиот македонец во дресот на овој ерменски тим. Во 2019/2020 година за оваа екипа настапуваа Антонио Станков и Денис Махмудов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

