Швајцарскиот тенисер, Роџер Федерер е рекордер со осум титули на Грен слем турнирот во Лондон, Вимблдон. Меѓутоа поради повреда оваа сезона не беше подготвен да се врати во конкуренција за престижниот трофеј.
Роџер Федерер беше дел од шампионската екипа која се претстави на Централниот терен на Вимблдон.
„Зад мене оставам убава година, иако не играв тенис. Мојата фамилија е добро. Се надевам дека ќе заиграм тука барем уште еднаш“, меѓу другото рече големиот шампион од Базел.
Ветеранот на Вимблдон славеше во осум наврати и тоа во 2003, 2004, 2005, 2006, 2007, 2009, 2012 и 2017 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

