Рома на „шопинг“ во Мадрид: Мурињо го сака Иско како замена за Мхитарјан

Во текот на следната недела Рома би можела да го официјализира трансферот на Иско кој е слободен фудбалер. По заминувањето на Мхитарјан во Интер, се зголеми интересот на Рома за Иско кој и претходно се поврзуваше со римската волчица.

Според информациите на „АС“, договорот на Шпанецот со Реал Мадрид е истечен и тој како слободен играч е интересен за клубот од Рим. Иско се уште ги разгледува опциите, наводно тој преферира да се пресели во клуб кој игра во Лигата на шампионите, но се верува дека Жорж Мендеш може да има клучна улога тој да потпише за Рома.

Мендеш кој е агент и на Иско и на Жозе Мурињо се верува дека ќе му помогне на Португалецот во дел од трансфер целите, па сега е тој момент.

Се вчитува...