Актуелниот шампион на Италија, Милан го претстави новиот дрес за сезоната 2022/23 и ги воодушеви навивачите. Истиот останува во претпознативите црвено-црни бои со тоа што во однос на претходната сезона црната ќе биде подоминатна боја.
Интересно на видеото на Милан се најдоа и Златан Ибрахимовиќ и Анте Ребиќ чија иднина во Милано беше неизвесна, но со тоа „росонерите“ наговестија останување на играчите. Како потсетување договорот на шведскиот ас истече на крајот на претходната сезона, а Хрватот кој се изгуби во ротацијата се наоѓаше пред излезната врата.
#ThatMilanTouch 🔴⚫️ pic.twitter.com/etAhHwEqRw
— AC Milan – FR 🏆 (@AC_MilanFR) July 4, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА