Зејнулаи го напушти Работнички и потпиша за Егнатиа од Албанија

Албин Зејнулаи, играчот од средниот ред на Работнички, успеа да се договори за нов ангажман во клубот на Егнатиа од албанската Суперлига.

23- годишниот фудбалер се потпиша на договор за соработка од три години.

Инаку, Егнатиа е тим кој минатата сезона се бореше за опстанок, но успеа да го сочува прволигашкиот статус по победата во плеј-офот.

Се вчитува...