ФК Вардар подготовките за новата сезона ги почнува на 6. јули, договорени пет пријателски средби

Фудбалскиот клуб Вардар објави дека почетокот на подготовките за новата сезона е закажан за 6 јули (среда) со почеток во 17.30 на стадионот Борис Трајковски во населба Маџари.

Во Скопје екипата ќе тренира се до заминувањето во Охрид на 26 јули каде ќе остане до 5 август.

Во склоп на подготовките закажани се следните подготвителни натпревари: 17ти јули (дополнително ќе биде објавено), 23-ти јули против екипата на ФК Скопје, 27-ми јули против екипата на ФК Охрид, 31-ви јули против екипата на ФК Пелистер и 5-ти август против екипата на Егнатиа (Албанија).

Се вчитува...