Војдан Стојановски не го криеше разочарувањето откако Македонија и покрај доброто издание во второто полувреме не успеа да направи пресврт и да стигне до триумф над Украина.
Стојановски блескаше кога на остатокот од тимот не му одеше најдобро во првата четвртина, но изданието на „црвено-жолтите“ се покажа недоволно за да се стигне до посакуваниот резултат.
„Лошо почнавме, примивме 35 поени за една четвртина. Потоа се вративме, покажавме карактер и кога губевме со двоцифрена разлика. Бевме блиску до победата, не успеавме, но ова е спорт. Секоја чест на момците, горд сум на нив за прикажаното, за борбата, тоа е единствениот начин на кој се игра кога се носи репрезентативниот дрес“, изјави капитенот на македонската репрезентација.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА