Драма во Ниш: Кошаркарите на Србија загубија од Белгија

Репрезентацијата на Србија остана со малку шанси за пласман на Мундобаскетот бидејќи беше поразена од селекцијата на Белгија со 73-74.

Во првиот период избраниците на Светислав Пешиќ поведоа, но Белгијците настапија на сцена со неколку тројки и го задржаа резултатот. Одличен беше Бобан Марјановиќ, но гостите поведоа уште во првите десет минути по тројката на Либерт.

Изедначено се играше и во вториот период. Јасно беше дека Србија мора многу подобро во продолжението и се започна одлично, со тројката на Немања Бјелица, а потоа Вања Маринковиќ ја постигна својата нова тројка. Одбраната беше одлична во третата четвртина, „орлите“ водеа со 49-43, а по тројката на Алекса Аврамовиќ беше 54-48.

Белгијците денеска имаа девет животи, постојано се враќаа во игра, а тога кога сите помислија дека се ќе се реши, не беше така.

По тројката на Давидовац, Србија поведе со 68-57, но од тој момент „орлите“ постигнаа само три поени, а Белгијците со предност се вратија во игра дури и за победа.

Бако постигна 17 поени, Обасохан 16, а одличниот Лекомт 14.

Се вчитува...