Еден фудбалер чив тим се натпреварува во премиер-лигата е уапсен поради сомневање за силување во северен Лондон, пишуваат британските медиуми.
Медиумите објавуваат дека не се работи за англиски фудбалер туку 29-годишен странец.
„Во полиција на 4. јули е пријавено наводно силување на 20-годишна девојка. Наводното силување се случило во јуни годинава“, стои во соопштението на лондонската полиција.
Ова е само уште една од низата случаи на силување во кој се вмешани фудбалери од премиер-лигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

