„СП во Катар е најконтроверзното во историјата“

Претседателот на фудбалската федерација на Германија, Бернд Нојендорф отпатува во Катар како би видел како течат подготовките за претстојниот Мундијал, кој на крајот на годинава ќе се игра.

Тоа ќе биде првпат во историјата Светското првенство да се одржи во тој период од годината бидејќи досега беше обичај да се игра по крајот на клупските сезони во Европа. Првиот човек на германскиот фудбал веќе неколку пати јавно ја критикуваше ваквата организација на СП, а посебно беше остар поради смртта на голем број на работници кои работеа на стадионите на кои ќе се игра шампионатот.

„Единствено што можеме да кажеме во моментов е дека тоа ќе биде еден од најконтроверзните мундијали во историјата“, изјави Нојендорф. 

Се вчитува...