Тухел контра Боели – НЕ за Роналдо!

Кристијано Роналдо ова лето може да ги замени боите на Манчестер Јунајтед со оние на Челси во потрага по настап во Лигата на Шампионите и во престојната сезона. Португалскиот ас е голема желба на новиот газда Тод Боели, но интересно не и на Томас Тухел.

Германскиот стратег и покрај тоа што остана без Ромелу Лукаку во 37-годишникот не гледа на играч кој би ги остварил неговите замисли на теренот и се спротивставува на одлуката на Американецот, пренесуваат англиските медиуми.

Приоритет за Томас Тухел остануваат засилувањата на стоперската позиција од каде заминаа Рудигер и Кристенсен, како и напаѓачот на Манчстер Сити Рахим Стерлинг, но во потрага по големо име како прв трансфер новиот газда го посакува еден од најдобрите на денешницата.

Како несогласувањата ќе се одразат во продолжението останува да видиме. Како потсетување поради истото клубот веќе го напушти легенданта Петр Чех кој изјави дека со новото раководство време е да се тргне на страна.

Се вчитува...