ТФТ продолжува со составување на тимот за престојната сезона. По ангажманот на странските засилувања Џасински и Батрик тимот од Тафталиџе денеска ја официјализираше соработката со Борјан Стојановски и Дамјан Крстевски.
Стојановски во ТФТ доаѓа од редовите на Феникс 2010 каде претходната сезона забележа просек од 5.1 поен и 2.8 скока, а имаше позапазена улога во Суперлигата кога новлијата поради повреди остана без поголем дел од играчите. Крстевски пак настапуваше за Ангели, а во просек постигна 8.4 поени и 5.0 скока по натпревар, но не успеа да му помогне на тимот од Кисела Вода да го задржи прволигашкиот статус.
„Црно-белите“ за следната сезона нема да сметаат на услугите на Андреј Маслинко, Иван Сапунџиев и Марко Аргировски кои се слободни во изборот на следната средина. Репрезентативецот на Македонија е желба на поголемиот дел од прволигашите меѓу кои и МЗТ Скопје, Еуро Никел и Гостивар па ќе биде интересно да видиме каде ќе заврши.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

