Големиот талент на Баерн се сели во Јувентус за повеќе пари

Кенан Јилдиз, 17-годишниот голем турски талент во следните денови од Баерн Минхен ќе се пресели во Јувентус. Играчот од офанзивниот дел на средниот ред како слободен ќе се пресели во Торино, откако Баерн Минхен не му го продолжува договорот. Причината се многу пари.

„Баварците“ имаа желба да потпишат професионален договор со членот на турската млада селекција, но не можеа да ги исполнат неговите финансиски барања.

„Јилдиз си заминува од клубот. Баерн Минхен не можеше и не сакаше да ги исполни неговите финансиски барања“, рече Хасан Салихамиџиќ.

За него веднаш интерес пројавија Барселона и Јувентус, но тој го одбра Торино како негова следна дестинација. Јилдиз ги мина сите младински категории на Баерн Минхен.

Се вчитува...