И официјално, Дивок Ориги е нов напаѓач на Милан. Белгискиот напаѓач потпиша четиригодишен договор со „росонерите“.
Ориги доаѓа од Ливерпул каде што главно беше резерва, но даде голем придонес за екипата во освојувањето на Премиер-лигата и Лигата на шампионите.
Ориги ги мина младинските категории на Генк, а потоа замина во Лил. Од Лил потпиша за Ливерпул, а една сезона ја мина како позајмен во Волфсбург.
Белгиецот доаѓа во Милан како слободен агент. Претходно Милан го промовираше Алесандро Флоренци со пермаментен договор од Рома, иако овој играч како позајмен во Милан ја мина минатата сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА