Од Фудбалската федерација на Македонија попладнево информираат дека лажен профил во името на македонскиот селектор функционира на Инстаграм, кој злоупотребувајќи го името и функцијата на Благоја Милевски контактира со македонските репрезентативци и фудбалски функционери.
Според информациите од ФФМ, од профилот веќе активно се комуницира со актуелните македонски репрезентативци, поради што информираат до сите македонски фудбалери, но и до целокупната домашна јавност, дека сите информации кои се споделуваат од лажниот профил и сите комуникации не се веродостојни во име на селекторот Милевски.
„Лажен профил. Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Благоја Милевски нема профили на Инстаграм и на останатите социјални мрежи“ – информираа денеска од ФФМ, нагласувајќи дека сите официјални информации селекторот на македонската репрезентација ги споделува исклучиво преку официјалните прес-конференции, средби со македонските медиуми и преку официјалната интернет страница на Фудбалската федерација на Македонија.
Се очекува регистрирањето на лажниот профил да биде пријавено и во МВР како би се спречиле злоупотреби на ФФМ и македонскиот селектор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА