Брегалница ја победи Победа на првиот тест-дуел летово

Фудбалерите на Брегалница триумфираа со 2-0 (0-0) против поранешниот македонски шампион и повратник во Првата македонска фудбалска лига, прилепска Победа во првиот подготвителен натпревар за новата 2022/23 сезона.

На пријателскиот дуел кој се одигра на Градскиот стадион во Штип, избраниците на Илчо Ѓорѓиоски беа подоминантен противник на теренот од составот на Бобан Бабунски, сосема заслужено стигнувајќи до триумфот со двата погодоци во второто полувреме.

Откако првиот дел мина без голови, Милан Ѓокиќ погоди во 57. минута за водство на Брегалница од 1-0, а потоа во 88. минута стрелаше и Дарко Додев за конечни 2-0.

Следниот пријателски натпревар на Брегалница е закажан за 9. јули против Работнички, исто така на Градскиот стадион во Штип.

Се вчитува...